Македонија ги зголеми девизните резерви во злато

Bez autora
Aug 15 2011

Девизните резерви на Македонија во злато се зголемуваат. Според последниот извештај на Народната банка на РМ, заклучно со јули годинава вредноста на девизните резерви во злато се поголеми за 18,8 милиони евра во споредба со претходниот месец. Ако до крајот на јуни златото учествуваше со 228,6 милиони евра, до крајот на јули резервите во злато пораснаа на 247,4 милиони евра што е 12 проценти од вкупните девизни резерви. И тоа во услови кога цената на златото на светските берзи порасна на рекордно ниво од 1.800 долари за унца. Инаку, од почетокот на годинава резервите во злато се потешки за 35 милиони евра. Оваа политика на НБРМ да ги зголемува златните резерви одат во насока на претходните сугестии на експертите. Тие сметаат дека многу е важно една држава да има злато заради сигурност на домашната валута.

Македонија ги зголеми девизните резерви во златоДевизните резерви на Македонија во злато се зголемуваат. Според последниот извештај на Народната банка на РМ, заклучно со јули годинава вредноста на девизните резерви во злато се поголеми за 18,8 милиони евра во споредба со претходниот месец.

Ако до крајот на јуни златото учествуваше со 228,6 милиони евра, до крајот на јули резервите во злато пораснаа на 247,4 милиони евра што е 12 проценти од вкупните девизни резерви. И тоа во услови кога цената на златото на светските берзи порасна на рекордно ниво од 1.800 долари за унца.

Инаку, од почетокот на годинава резервите во злато се потешки за 35 милиони евра. Оваа политика на НБРМ да ги зголемува златните резерви одат во насока на претходните сугестии на експертите. Тие сметаат дека многу е важно една држава да има злато заради сигурност на домашната валута.

До 2004 година Централната банка редовно купуваше по 700 килограми злато годишно од радовишкиот рудник "Бучим" и тргувањето со него на државата и носеше големи профити. Според ексгувернерот на НБРМ, Љубе Трпески, да се продолжело со тој тренд, златото денеска ќе учествувало и до 30-процентен удел во девизните резерви. Дел од монетарното злато е наследено од сукцесијата на златото на Народната банка на поранешна СФРЈ, а дел е откупено.

Согласно македонските закони, само државата може да тргува со злато, додека граѓаните ја немаат таа можност. Брокерите коментираат дека во споредба со другите земји, македонските граѓани пропуштаат можност да заработат тргувајќи со злато.

Македонија со 6,8 тони злато воопшто не се споменува во последната анализа на Светскиот совет за злато, кој објави листа на земји рангирани според залихите на овој благороден метал депонирани во централните банки. Според оваа листа, во регионов најдобро пласирана е Србија, на 59-то место, која има 13,1 тон злато депонирано во централната банка.

А во светот според најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, се зголемило купувањето на злато особено во земјите со забрзан економски развој. Кина, Русија, Тајланд и Јужна Кореа се моментално најголемите тргувачи со злато. Според Светскиот совет за злато најголеми резерви на злато имаат САД и тоа 8.100 тони, потоа следи Германија со 3.400 тони и ММФ со 2.800 тони. Се проценува дека сите земји заедно во своите девизни резерви поседуваат околу 30 илјади тони, или една петина од вкупно произведеното злато во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik